Мбапе сериозно го истегнал зглобот

Фудбалскиот клуб ПСЖ се огласи по повод синоќешната повреда на Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ поради крвничкиот старт на капитенот на Сент Етиен, Лоик Перан во 30 минути во солзи го напушти теренот. Подцна тој се движеше со помош на патерици.

ПСЖ соопшти дека Мбапе имал сериозно истегнување на глуждот. Прецизни информации околу повредата на Мбапе клубот ќе објавел за 72 часа откако уште еднаш ќе биде прегледан од клупските лекари.

Медиумите шпекулираат дека Мбапе сигурно нема да настапи во четврт-финалето во Лигата на шампионите против Аталната на 12 август.

Загриженост во ПСЖ – Мбапе оди со помош на патерици





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.