Мустафи ќе го пропушти стартот на сезоната

Фудбалерот на Арсенал Шкодран Мустафи ќе отсуствува од тимот неколку месеци поради операција на тетивата. Клубот соопшти дека Мустафи ќе се врати на фудбалските терени на почетокот на октомври.

Мустафи се повреди пред десет дена , во текот на полу-финалниот натпревар во ФА купот со Манчестер сити. Прегледите покажале дека мора да биде опериран.

Екипата на Микел Артета првенството го заврши на осмото место на табелата, но има можност сезоната да ја заврши со трофеј и да избори пласман во Лига Европа.

Во сабота од 18.30 часот Арсенал за трофејот во ФА купот ќе игра против Челси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.