Челси и Сити заинтересирани за играч на Атлетико

Челси и Манчестер сити се заинтересирани за централниот одбранбен фудбалер на Атлетико Мадрид, Хосе Марија Хименез, пренесуваат англиските медиуми.

Хименез имаа 25 години, во Атлетико дојде како 18 годишник од Данубио во Уругвај.

Со „јорганџиите“ Хименез има договор до 30 јуни 2023 година. Неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.

Досега во кариерата одиграл 190 натпревари за Атлетико, постигнал осум голови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.