Лампард: Изминатите години Ливерпул потрошија многу пари

Менаџерот на Челси Френк Лампард изјаил дека клубот потрошил многу пари во преодниот рок бидејќи поради казната на ФИФА не можеше да биде активен минатото лето на трансфер-пазарот.

Лампард со оваа изјава му одговори на колегата од Ливерпул, Јирген Клоп, кој неодамна изјави дека неговиот клуб не може да троши толку пари бидејќи газдите не биле олигарси.

„Би рекол дека тоа е интересна изјава. Кога зборуваме за сопствениците на клубовите мислам дека не е важно со каква работа се занимаваа, секако станува збор за богати луѓе. Ливерпул имаа фантастична приказна во последните четири или пет години откако тука е Јирген. Тие донесоа добри засилувања, за нив платија многу пари. Погледнете тука се Ван Дајк, Алисон, Мане, Салах, Фабињо, Кеита. Неверојатни играчи, скапо се платени“, рекол Лампард.

Челси во преодниот рок потрошија преку 200 милиони фунти на нови играчи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.