Трипл-дабл Јокиќ и Мареј ги елиминираа ЛА Клиперс

Кошаркарите на Денвер Нагетс се пласираа во финалето на Западот откако ја добија мајсторката против Лос Анџелес Клиперс со 104:89. Овој тим на Нагетс влез во историјата на НБА, тие се првите кои во еден плејоф два пати успеале од 1:3 да дојдат до 4:3.

Никола Јокиќ и Џамал Мареј го предводеа Денвер до историскиот успех, додека на спротивната страна целосно потфрлија Каваи Ленард и Пол Џорџ. Слично како и на претхдните два натпревари Клиперс се распаднаа во последната четвртина, само што овој пат нивен егзекутор беше Мареј, а не Јокиќ.

Мареј во првата четвртина постигна 20 поени, на полувреме имаше 25 поени, а мечот го заврши со 40 поени, четири скока и пет асистенции.

Јокиќ запиша трипл-дабл од 16 поени, 22 скока, 13 асистенции и три блокади.

Кај Клиперс најлошо одиграа најголемите ѕвезди: Ленард постигна 14 поени (6/22 шут од поле), а Џорџ уфрли 10 коша (4/15 шут од поле).

Финалето на Западот Денвер Нагетс-Лос Анџелес Лејкерс ќе започне во сабота наутро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.