Невил: Со вакви дефанзивци Јунајтед никогаш нема да ја освојат титулата

Манчестер Јунајтед лошо влегоа во новата сезона. Во првиот меч на „Олд Трафорд“ Јунајтед беа поразени од Кристал Палас со 1:3. Англиските медиуми во денешните коментари ја потенцираат лошата игра во одбраната на „црвените ѓаволи“.

Со „дрва и камења“ по одбранбената четворка веднаш по мечот, во анализата, фрлаше и поранешниот капитен на на славниот клуб Гери Невил.

„После ова голем ќе биде притисокот врз одбраната. Можеме да зборуваме за Џејдон Санчо колку што сакаме, но на Јунајтед им е потребен дефанзивец кој ќе може да ги брани ситуациите „еден на еден“ и кој ќе може да трча. Без таков играч не може да размислува за титулата. Со вакви централни дефанзивци Јунајтед никогаш нема да ја освои титулата“, рекол Невил и продолжил.

„Јунајтед мора да донесе подобар и подоминантен дефанзивец од Линделоф и Мегваер. Клубот итно мора да донесе централен дефанзивец. Ако се вратите нананзад ќе видите дека секој тандем имал еден брз дефанзивец. „Олд Трафорд“ има голема површина и доколку играше со четворица во последната линија кои одат напред, тогаш мора да бидат подготвени и брзо да се вратат назад“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.