Ѓоковиќ посилен од Каспер Руд и судијата Нур

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на мастерсот во Рим. Првиот носител во полу-финалето го победи Каспер Руд од Норвешка со 7/5, 6/3.

Мечот на Централниот терен траеше два часа и 10 минути. Ѓоковиќ утре ќе го игра своето 52 финале на Мастерс турнирите и ќе се обиде да ја освои 36 титула.

Каспер Руд веројатно го одигра најдобриот меч во кариерата, но ниту тоа не му беше доволно да слави против најдобриот во светот. Младиот Норвежанец прв стигна до брејк во воедниот сет, во десеттиот гем сервираше за водство од 1:0, имаше и две сет топки, а откако не ги искористи Ѓоковиќ го врати брејкот, потоа беше сигурен и во наредните два гема и го освои првиот сет.

Вториот сет беше малку полесен за Ѓоковиќ, покрај сервисот кој одлично му функционираше во текот на целиот меч проработе и неговиот бекхенд. Во раната фаза направи брејк кој не го испушти до крајот.

Покрај со мотивираниот противник Ѓоковиќ мораше да „бори“ и со судијата Адел Нур кој три пати направи груби грешки на штета на првиот носител.

#IBI20 (🎥@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/pLYCGGXa4L

— doublefault28 (@doublefault28) September 20, 2020

#IBI20 (🎥@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/JYo647pABZ

— doublefault28 (@doublefault28) September 20, 2020

На крајот Ѓоковиќ имаше 36 директни поени, Руд 26, а и двајцата направија по 19 грешки.

Утре во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Денис Шаповалов од Канада или Диего Шварцман од Аргентина кој во четврт-финалето го победи Рафаел Надал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.