Меси критикува: Во Барса ништо повеќе не може да ме изненади

Лионел Меси му пружил поддршка на својот голем пријател Луис Суарез кој по шест години ја напушти Барселона. Уругваецот кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Луис Суарез од Барселона замина како трет најдобра стрелец во историјата на клубот (198 голови на 283 натпревари). Сепак од клубот не замина на начин на кој што заслужи, беше буквално избркан од Барселона.

„Ќе ми биде тешко што повеќе нема со тебе да ги поминувам деновите, на теренот и надвор од него. На сите ќе ни недостигаш. Поминавме многу години заедно, тој период кој никогаш нема да го заборавам“, напишал Меси на Инстаграм и дополнил.

„Ќе биде чудно да те гледам во друг дрес, уште почудно ќе биде кога ќе играм против тебе. Заслужи да заминеш како еден од најважните играчи во историјата на клубот, постигна толку многу со тимот, а не да бидеш „шутнат“ на начин на кој што тие тоа го направија. Но, вистината е дека во овој момент ништо не може да ме изненади. Ти посакувам се најдобро. Те сакам, се гледаме наскоро пријателе“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.