Црвена звезда нема да патува во Ерменија, бара да му биде домаќин на Арарат
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 28 Септември 2020
Црвена звезда побарале од УЕФА натпреварот против Арарат во плејофот во Лига Европа да се игра во Белград. Натпреарот помеѓу овие два тима е закажан за 1 октомври во Ереван меѓутоа поради војната помеѓу Ерменија и Азербејџан експедицијата на Црвена звезда нема да патува во Ерменија.
УЕФА најверојатно во текот на денот ќе донесе одлука дали и каде ќе се игра натпреварот.
Наводно во игра се три сценарија.
Првото е она кое го предложиле од Црвена звезда, да биде заменето домаќинството, односно натпреварот наместо во Ереван да се одигра во Белград.
Второто е УЕФА да одреди неутрален терен каде ќе се одигра натпреварот и третото е дуелот воопшто да не се игра што значи дека Црвена звезда без борба би се пласирала во фазата про групи во Лига Европа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс