„Јунајтед не требаа да го донесат Кавани“

Поранешниот селектор на Англија Хари Реднап смета дека трансферот на Едонсон Кавани во Манчестер Јунајтед е лоша одлука на клупските челници.

Трансферот на Кавани Реднап го нарекол „очајнички“ и смета дека „црвените ѓаволи“ влегле во непотребен ризик.

„Знаете дека сакам да се коцкам, но тоа не е ништо во споредба со она што Јунајтед го направија со Кавани“, рекол Реднап.

„Ова ми делува како очајнички потег“.

Кавани на „Олд Трафорд“ ќе заработува околу 200.000 фунти неделно. Уругваецот во Манчестер Јунајтед пристигна како слободен играч.

„Реков нека им е со среќа кога слушнав колкава плата бара. Можеби ќе направи нешто доколку е гладен за игра и постигнување голови. Поради Солскјер се надевам дека е тоа е така“, заклучил Реднап.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.