Пике: Претседателот Бартомеу влече погрешни потези

Ден пред најголемото дерби на шпанскиот фудбал, објавено е интересно интервју со еден од сенаторите во соблекувалната на Барселона, Џерард Пике. 33-годишниот фудбалер, по дебаклот од Баерн (8:2) во Лигата на шампионите, беше подготвен да го напушти тимот, но два месеци подоцна тој го продолжи договорот до 2024 година.

Иако доби нов договор, Пике отворено ги критикува потезите што ги влече претседателот на клубот Џозеп Марија Бартомеу.

Пике смета дека Бартомеу ги „купил“ навивачите со потегот што го повлекол пред два дена. Барселона, во средата по натпреварот со Ференцварош, објави дека покрај Пике нови договори потпишале голманот Тер Штеген, Клеман Ленгле и Френки Де Јонг.

„Мојот однос со претседателот може да биде пријателски. Сепак, смета дека е не е добро што клубот трошеше пари за да ги критикува играчите“, рекол Пике во интервјуто за „Ла Вангуардија“, алудирајќи на тоа дека Бартомеу ангажирал и плаќал луѓе кои на социјалните мрежи ги критикуваа играчите.

„Болно е што клубот се уште го прави тоа“.

Пике го криикувал клубот и за начинот на кој што им биле намалени платите на фудбалерите. Сепак тој се согласил платата да му биде намалена за 50 отсто.

„Клубот искористи лоши методи. Не се согласуваме со тоа. Сепак Барселона ми даде сè поради тоа решив да ги прифатам нивните барања“.

Пике како лош го оценил и потегот на Бартомеу да му врачи отказ на Ернесто Валверде,

„Немаше логика да се отпушти тренерот среде сезоната и тоа во момент кога бевме лидери на табелата“.

За крај проговорил и за Лионел Меси кој во летниот преоден рок сакаше да го напушти клубот.

„Го замолив да остане бидејќи „Ноу Камп“ мора да го носи неговото име. Меси го заслужува тоа. Не може некој кој 16 години е во клубот со факс да побара трансфер, тука нешто не е во ред, тоа клубот не смее да си го дозволи“, заклучил Пике.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.