„Парти беше фантастичен, ќе биде уште подобар“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по мечот со Рапид во Виена, со пофални зборови ја оценил играта на последното засилување Томас Парти.

Арсенал, новата сезона во Лига Европа, ја започнаа со триумф во Виена (2:1). Тимот на Артета потешко од очекувањата успеа да го победи Рапид. Парти, кој минатиот викенд одигра десет минути против Манчестер сити, на овој натпревар беше во стартниот состав.

„Делуваше добро. Беше фантастичен, а сигурен сум дека ќе биде уште подобар“, рекол Артета и дополнил.

„Поради неговиот стил на игра и бидејќи плативме 50 милиони евра за него, многумина внимателно ќе го следат. Но, кај нас е важна структурата на тимот, тој е само дел од тимот“.

Репрезентативецот на Гана последниот ден од преодниот рок го засили Арсенал. „Топџиите“ ја активираа клаузулата во договорот и го откупија од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.