Мајк Тајсон објави бизарна песна пред мечот со Рој Џонс Јуниор

Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон објави бизарна песна со уште побизарно видео, кое ќе биде прикажувано при неговото излегување во рингот во камбек мечот со Рој Џонс Јуниор на 28 ноември.

54-годишниот Тајсон соработувал со инди дуото Тики Лау на песната која се вика едноставно „Мајк Тајсон“ во должина од 1 минута и 45 секунди.

Во видеото, Тајсон се бори со ајкула, излегува од кокос и на крајот удира чудовиште. Текстот на песната е уште побизраен: „Бев најлудиот, бев најбесниот. Најопасниот, најдеструктивниот боксер на светот. Меѓународна ѕвезда, војник кој ќе ти го изеде срцето. Јас сум Мајк Тајсон. Дај ми го увото, бидејќи ќе го изедам“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.