Ограбен домот на Лука Тони: Украдени се работи за кои сум сентиментален

Поранешниот италијански фудбалер, Лука Тони член на златната генерација од 2006-та и неговото семејство биле жртви на вооружен грабеж во четвртокот вечерта, во нивниот дом. Екс-напаѓачот на Верона, Баерн и Фиорентина за тоа ја информираше јавноста на Инстаграм.

„Затоа што се вртат разни приказни, сакам да потврдам дека во четвртокот вечерта меѓу 19.30 и 21.30 часот тројца крадци кои имале маски на лицата и биле вооружени го ограбиле мојот дом. Најважното е дека моето семејство е добро и никој не е повреден, иако се под стрес поради трауматичното искуство. Тажно е што крадците украле работи кои имаат сентиментална вредност за мене. Полицијата изврши увид, најверојатно по повик од соседите кои виделе нешто, но камерите не забележале ништо чудно. Ве молам да се почитува приватноста на моето семејство“ напиша 43-годишниот Тони.

Италијанецот е само еден во низата фудбалери кои се ограбени изминатиот период. Сличен проблем имаше и играчот на „виолетовите“, Франк Рибери пред неколку месеци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.