Шампионот ќе стартува од пол-позиција на неделната трка во Португалија

Со „звукот на сирената“ шампионот во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон денеска дојде до пол позиција за утрешната трка за Големата награда на Португалија која ќе се вози првпат по пауза од цели 26 години.

До последните секунди од квалификациите најдоброто време го имаше клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, но Британецот го забележа најдобриот круг откако веќе беше завршено времето на сесијата.

Најдоброто време на Хамилтон беше 1:16.652, додека Ботас кругот го помина за 1:16.754.

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Макс Ферстапен од Ред Бул, односно Шарл Леклер со Ферари.

Потоа следуваа Серхио Перез, Алекс Албон, Карлос Саинц, Ландо Норис, Пјер Гасли и Даниел Рикардо.

Почетокот на утрешната трка во Португалија е во 14 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.