ВАР: Нема пенал врз Рамос

Медиумите од Каталонија не можат да се помират со поразот на Барселона од Реал (1:3). Согласни се дека мечот го решил пеналот што судијата Мунуера го досуди за Реал.

Највлијателниот спортски медиум во Каталонија „Спорт“, тврди дека судијата од ВАР собата добил сугестија да не досуди пенал за Реал бидејќи Рамос прв го фаулирал Клеман Ленгле.

Овој извор тврди дека Барселона ќе го побара аудио записот од разговорот помеѓу главниот судија Хозе Мартинез Мунуера и ВАР-асистентот Хозе Марија Санчез Мартинез.

На „Ноу Камп“ се уверени дека против клубот се води кампања на чело со Веласко Карбаљо кој е одговорен за делегирање на судиите во Ла Лига.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.