Четворица Ерменци позитивни на Ковид-19

Ерменија без четворица стандарни репрезентативци ќе и се спротивстави на Македонија, на натпреварот во Никозија, во Лигата на нации.

По последните тестирања, позитивни на коронавирусот биле Газ Газарјан, Андре Чалишер, Григор Меликсетјан и Саргис Адамјан.

Покрај вие четворица Ерменците пријавија дека е заразен еден од асистентите на селекторот Хоакин Капарош и уште тројца членови на ерменската делегација.

За дуелот со Македонија (вечерва, 18 часот), Капарош на располагање има 19 фудбалери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.