Манчестер сити за Меси ќе понудат 50.000.000 евра

Манчестер сити, во јануарскиот преоден рок, ќе испратат понуда за Лионел Меси, тврди „Сан“.

Меси, во финишот на летниот проден рок, незадоволен од ситуацијата во Барселона, изрази желба да го напушти клубот. Тогашниот претседател Џозеп Марија Бартомеу бараше да се исплати откупната клаузула од 700.000.000 евра.

„Граѓаните“, минатото лето беа заинтересирани за Аргентинецот, но откако ја слушнаа сумата што треба да ја платата, решија да почекаат уште неколку месеци, кога Меси ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

„Сан“, тврди, дека Сити на Барселона ќе и понудат 50.000.000 евра за Меси. Доколку Меси нема намера да го продолжи договорот со Барселона, зимскиот преоден рок е последна шанса Барса да заработи некое евро од неговиот трансфер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.