Кој беше Марадона!?

За многумина најголемиот на сите времиња, еден единствен и неповторлив – Диего Марадона.

– Полното име му е Диего Армандо Марадона Франко

– Роден е на 30 октомври 1960 година во местото Виља Фиоричио, бил едно од осумте деца

– Првата топка ја добил од вујко му, за третиот роденден. Оттогаш спиел со топката и сонувал да стане најдобриот фудбалер

– Прекарот му е „El Pibe de Oro”, во превод „златно момче“

– Кога имал 8 години го „уловиле“ ловците на таленти

– Со 12 години бил собирач на топки, а ја забавувал публиката со жонглирање на полувремињата

– Потпиша за Бока Јуниорс во 1981 година. Истата година легендарниот клуб од Буенос Аирес ја освои титулата државен првак. Тоа е единствената титула што Марадона ја освоил во татковината

– Во 1982 година на 21 година преминува во Барселона, за тогаш рекордни 7.6 милиони долари

– На мечот против Реал Мадрид во 1983 година го постигнал победоносниот гол и станал прв играч на Барса на кого му аплаудирале и навивачите на Реал

– Играше за Наполи од 1984 до 1991 година, имаше статус на боженство во Неапол. Дресот со број 10 по неговото заминување е повлечен од употреба

– На мечот од Светското првенство во 1986, во Мексико, против Англија постигна гол со рака, кој потоа беше признат

– Вториот гол кој го постигна на истиот меч против Англичаните е прогласен за гол на векот

– Во кариерата одиграл 680 меча и постигнал 345 гола

– Бил суспендиран 15 месеци поради употреба на кокаин

– Со Пеле го дели првото место како најдобар играч на 20. век

– Првпат се оженил во 1989 година, со Клаудиа Виљафане, со која има две ќерки. Се разведоа во 2004 година

– Во светот постојат неколку цркви со името на Марадона





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.