Рој Кин: Арсенал ќе соберат доволно бодови за да останат во лигата

Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, веќе неколку сезони работи како стручен коментатор на телевизијата „БТ Спорт“. Синоќа тој во друштво на поранешниот напаѓач на Челси, Џими Флојд Хаселбајнк, го коментирал поразот на Арсенал од Вулверхемптон (1:2).

Кин е уверен дека актуелниот тим на Арсенал не е доволно добар за да постигнува забележителни резултати. Арсенал по првите десет рунди имаат само 13 поени, што е најлош учинок за овој клуб во последните 39 години.

„Секој бод е важен за нив во натпреварите што следат, а прв е мечот со Тотехем. Сепак, мислам дека Арсенал ќе соберат доволно поени на крајот од сезоната за да останат во лигата“, рекол Кин.

Изјавата на Кин, која навивачите на Арсенал ја толкуваат како провокација, со смеа ја прифатиле Хаселбајнк и водителот на „БТ Спорт“.

„Мислам дека играчите на Арсенал не се доволно добри, многу се меки. Последниот добар натпревар го одиграа против Манчестер јунајтед. Оттогаш освоија само еден бод. Неја видов борбеноста за гоја говори Артета. Може да им се случи да не им оди на еден натпревар, но мора да најдат начин долгорочно да постигнуваат добри резултати. Тоа јас во овој тим на Арсенал не го гледам“, заклучил Кин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.