Синот на Михаел Шумахер ќе вози во Формула 1

Мик Шумахер, син на легендарниот Михале Шумахер, од наредната сезона ќе се натпреварува во Формула 1. Шумахер ќе вози во тимот на Хас.

Младиот Германец (21) потпишал повеќегодишен договор со американскиот тим. Мик тргнува по стапките на својот славен татко, кој во кариерата седум пати бил светски првак.

„Секогаш верував во моите сништа. Неверојатно е чувството што ќе возам за Хас. Не можам да бидам посреќен. Благодарам за поддршката“, рекол Мик Шумахер.

Синот на Михале Шумахер започнал да вози картнинг на осум годишна возраст, додека во светот на формулите влегол кога имал 16 години. Вози во Формула 2 од 2019 година. Сезонава има забележано три победи ѝ е лидер во генералниот пласман.

Тимски колега во Хас ќе му биде неговиот врсник Никита Мазепин од Русија. Младите возачи доаѓаат на местата на Роман Грожан и Кевин Магнусен.

BREAKING: Mick Schumacher to race in F1 in 2021!

The 21-year-old signs with @HaasF1Team #F1 #RoadToF1 pic.twitter.com/KfBCB8zK1T

— Formula 1 (@F1) December 2, 2020





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.