Леброн и Дејвис ги потпишаа новите договори

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис официјално ги потпишале новите договори со актуелните шампиони во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс. Дејвис потпиша пет, а Џејмс две годишен договор.

Ентони Дејвис во наредните пет години ќе заработи 190.000.000 долари. Во договорот постои опција, која му овозможува на Дејвис пред почетокот на петтата година да ја прекина соработката.

„Во балонот во Орландо, Дејвис докажа дека е еден од најкомплетните и најдоминантните играчи во лигата. Навивачите на Лејкерс ќе имаат можност да го гледаат како продолжува да напредува и ја предводи нашата франшиза во годините кои се пред нас“, рекол генералниот директор на Лејкерси Роб Пелинка.

Леброн од Лејкерси во наредните две години ќе добие 85.000.000 долари.

„Леброн ни ја укажа довербата во 2018 година. Продолжувањето на договорот му го отвора патот да влезе во историјата како еден од великаните на Лејкерси. Чест ни е што ќе остане кај нас“, порачал Пелинка.

Актуелните шампиони новата сезона ќе ја отворат против градските ривали Клиперси, на 22.декември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.