Зидан позитивен на коронавирусот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е заразен со вирусот Ковид-19, потврди „кралскиот клуб“.

„Реал Мадрид потврдува дека нашиот тренер Зинедин Зидан доби позитивен тест на коронавирусот“, се наве

дува во кусото соопштение.

Зидан, денес, требаше да одржи прес-конференција во пресрет на натпреварот со Алавес.

Тренерот се наоѓа во изолација и ќе ги пропушти наредните неколку натпревари на Реал.

Comunicado Oficial: Zidane#RealMadrid

— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 22, 2021

Шпанските медиуми објавија, дека Зидан во четвртокот го водел тренингот и дека разговарал со играчите за дебаклот и елиминацијата во Купот од Алкојан.

Во отсуство на Зидан, Реал на гостувањето во Алавес, треба да го предводи неговиот прв помошник Давид Бетони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.