Бил и Вестбрук го решија Денвер, Бруклин ја продолжија победничката серија

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Вашинготн славеа над Денвер, Јанис Адетокумбо ги предводеше Милвоки до победата над Њу Орлеанс, во чии редови блескаше Зајон Вилијамсон, Бруклин Нетс ја запишаа осмата победа по ред,а во дербито Филаделфија го победи Далас.

Вашингтон во драматичен меч победија во Денвер со 112:110 и ја забележаа седмата победа на последните осум натпревари. Деневер имаа два напади во последните секунди, но не успеаја да постигнат тројка за победа.

Бредли Бил со 33 поени го предводеше Вашингтон, Јапонецот Риу Хачимира забележа 20 поени, а Расел Вестбрук имаше трипл-дабл од 16 поени, 10 скока и 10 асистенции.

На спротивната страна Џамал Мареј беше најефикасен со 34 поени, а Никола Јокиќ забележа 24 поени, 11 скокови и седум асистенции.

Филалделфија беа убедливи против Далас Маверикс 111:97. Лидерот на Истокот го предводеше Џоел Ембид со 23 поени, девет скока и четири асистенции. Лука Дончиќ на спротивната страна реализираше 19 поени, три скока и четири асистенции.

Бруклин Нетс ја продолжија серијата победи. Осмата во таа серија ја забележаа против Орландо Меџик (129:92). Кајри Ирвинг со 27 и Џејмс Харедн со 20 беа најпрецизни кај Нетс, во чии редови се уште го нема Кевин Дурент. Кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 28 поени и 12 скока.

Милвоки Бакс, во најефикасниот натпревар славеа над Њу Орлеанс со 129:125. Бакс ја запишаа четвртата победа во низа и сега имаат скор од 20 победи и 13 порази. Адетокумбо мечот го заврши со 38 поени и 10 скока, Крис Мидлтон постигна 31 поен. Најдобри кај Њу Орлеанс беа Вилијамсон со 34 поени и Брендон Инграм со 23.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.