Несторовски донесе победа за Удинезе, Интер лесно преку Џенова

Илија Несторовски ги искористи ретките минути кои ги добива во Удинезе да го постигне победничкиот гол во 1:0 триумфот над Фиорентина на „Дачија арената“.

Македонскиот напаѓач доби одлична топка од Родриго де Паул во 86. минута, за од близина да го совлада Бартоломеј Драговски за три поени за клубот од Удине. Со победата Удинезе се искачи на 12. место на табелата со 28 поени, два повеќе од 13-пласираната Џенова на Горан Пандев, која падна со 3:0 против лидерот Интер.

Само што почна мечот на „Сан Сиро“, Ромелу Лукаку ги донесе Интер во водство, пред во второто полувреме уште двајца поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед, Матео Дармијан (69.) и Алексис Санчез (80.) да ја потврдат победата на „нераѕурите“, со која тие се одвојуваат на седум поени пред Милан, кој подоцна играат со Рома. Горан Пандев влезе во игра за Џенова во 62. минута од мечот.

СЕРИЈА А, 24.КОЛО

Кротоне – Каљари 0:2

Интер – Џенова 3:0

Удинезе – Фиорентина 1:0





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.