Арсенал ја испуштија победата во Барнли

Барнли и Арсенал одиграа без победник 1:љ, во 28.коло, во Премиер лигата. Головите на „Турф Мур“, беа постигнати во првото полувреме.

Дуелот започна според желбите на Арсенал, во раната фаза постигнаа гол. Обамејагн, изведе соло-акција во шестата минута и го совладаа Поуп. Тимот на Микел Артета доминираше во првиот дел, а откако не ја дуплираа предноста, Џака им подари гол на противниците.

Арсенал напаѓаа и во вториот дел, а во последните пет минути извршија опсада кон голот на Барнли. Во 84.минута добија пенал, кој беше поништен од ВАР собата. Во таа кација „тобџиите“ ја погодија гредата.

Последната шанса ја имаа во 93.минута кога ударот на Себаљос заврши во дирекот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.