Надал: Големата тројка нема вечно да трае

Рафаел Надал, попладнево, против талентираниот Јаник Синер, ќе го започне настапот на Мастерсот во Рим. Шпанецот, минатата недела испадна во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид, а во Монтер карло стигна до полу-финалето.

Целта на Надал е да влезе во вистинската форма пред почетокот на Ролан Гарос, турнир на кои има 13 титули.

Надал не е загрижен што од почетокот на сезоната, никој од големата тројка не освои трофеј на Мастерс турнирите.

„Тоа е нормално. Имаме нова генерација на млади играчи, добри се. Ние имаме 34, 35 и 39 години. Ништо не трае вечно, мора да биде подготвени да го прифатите тоа. Нормално е по 20 години да се појави нова генерација која освојува трофеи“, рекол Надал.

Шпанецот нема проблем да го прифати фактот дека полека завршува времето на големата тројка.

„Го освојувавме секој важен турнир во последните 19 години. Велам, без проблем ги прифаќам промените. Но, ќе се борам. Тоа значи дека за три недели е Грен слемот на кој обожувам да играм. Ќе се борам на Ролан Гарос да играм добро“, заклучил освојувачот на 20 Грен слем титули во кариерата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.