Газета дело Спорт: Роналдо не е во добри односи со соиграчите

Кристијано Роналдо ужива во преголемата слобода која ја доби од клубот, поради што соиграчите му го вртат грбот. Ова го тврди „Газета дело Спорт“, во чии текст се наведува дека соиграчите го изолирале португалскиот фудбалер, со кого повеќе не се во добри односи, како што тоа беше до пред неколку месеци.

Роналдо е најдобар стрелец во Серија А (27 голови), но на клубот не му оди оваа сезона. Јувентус не само што остана без шампионската титула, туку како стојат работите ќе остане и без пласман во Лигата на шампионите.

Лошите резултати ја расипале атмосферата во тимот, кој во претходните девет години ја освојуваше титулата. Лошата атмосфера, дополнително ја нарушува привилегираниот статус што го има Роналдо.

Поради спонзорите, Португалецот, пропуштил неколку тренинзи, а не тренирал ни ден по дебаклот против Милан (0:3). Додека неговите соиграчи тренирале, тој друштво на клупските челници ја посетил фабриката на Ферари во Маранело. Таму го купил моделот Ферари Монца Сп2 за 1,6 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ и останатите италијански медиуми се согласуваат дека престојните натпревари, можат да бидат последни за Роналдо во дресот на Јувентус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.