Џордан не може да ја избрише последната порака со Коби Брајант!

Во сабота Коби Брајант со неколку месеци одложување поради пандемијата на коронавирусот и службено ќе биде примен во Куќата на славните. На церемонијата за покојната кошаркарска легенда во кошаркарската бесмртност ќе го внесе неговиот претходник и идол, Мајкл Џордан.

Големиот „М-Џеј“ во разговор за „ЕСПН“ вели дека се уште ја чува последната телефонска порака што ја разменил со Коби.

„Прво мислев дека ќе бидам нервозен поради тоа, но тогаш ми стана јасно дека нема причина да сум нервозен поради покажување емоции кон некој што навистина го сакав. Тоа е мојата човечка страна, за која луѓето често забораваат дека ја имам“ вели Џордан.

Нивниот последен разговор бил на 8. декември 2019 година, месец ипол пред трагедијата. Брајант му се јавил да прокоментира за текилата која компанијата на Џордан ја извади во производство.

„Оваа текила е одлична“ напишал Коби.

„Ти благодарам брате“ возвратил Џордан.

„О, да. Дали семејството ти е добро?“ – продолжил Брајант.

„Сите се добро. Твоите?“

„Се е добро“

„Среќни празници, се надевам дека наскоро ќе се видиме. Тренеру Коби?!“ – му напишал Џордан и ставил емотикон со смеење.

„И тебе исто така. Еј, тренеру, во моментов седам на клупа и го разбиваме противникот, 45-8“ – била последната порака од Коби.

Точно 11 дена по оваа порака Коби Брајант и официјално беше номиниран за влез во Куќата на славните, а 49 дена по пораката несреќно загина во пад на хеликоптер.

„Ја обожувам таа порака затоа што ја покажува природата на Коби“ објасни Џордан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.