Барса се намачи со Мешков, но влезе во финалето на ЛШ

Барселона, совршената сезона во Лигата на шампионите, ќе се обиде да ја заврши со 10-ти трофеј од најсилното европско натпреварување, откако се намачи за 33:29 (17:16) победа над Мешков Брест во првото полуфинале во „Ланксес арената“ во Келн.

Во големото финале, каталонскиот гигант ќе игра со подобриот од мечот меѓу актуелниот шампион Кил и Пари Сен-Жермен, кои уште ја чекаат својата прва титула од ЛШ.

Барселона имаше фантастичен старт, поведувајќи со 5:1 и со 10:5, меѓутоа белорускиот клуб потоа пружи вистински отпор предводени од Микита Ваилупалу и на полувреме, Блауграна имаше само гол предност (17:16). Барса повторно се одвои во второто полувреме, но не успеа да побегне повеќе од три-четири гола, пред во финишот да го „скршат“ отпорот на Мешков.

Дика Мем со 10 гола беше најефикасен за победниците, шест додаде Алекс Гомез, додека за Мешков, Ваилупалу заврши со 11 гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.