„Лажна е позицијата на која се наоѓа Јунајтед, Солскјер не е вистинскиот тренер за нив“

Џејсон Мекатир, поранешен фудбалер на Ливерпул, смета дека позцијата која на табелата ја има Манчестер јунајтед не е реална. Ирецот смета дека Оле Гунар Солскјер не е добро решение за клупата на „црвените ѓаволи“.

„Доколку оваа сезона беше нормална, не верувам дека ќе беа толку далеку во Топ 4 на табелата. Мислам дека немаше да бидат на второто место. Според мене лажна е позицијата на која се наоѓаат“, рекол Мекатир.

Ирецот смета дека пред Солскјер има многу работа за да го врати клубот на позциите на кои беше во ерата на Алекс Фергусон.

„Има тука уште многу, многу работа. Мислам дека Солскјер не вистинскиот човек. Не може да ги однесе Јунајтед на врвот. Заврши добра работа, но кога сте тренер на Јунајтед, само трофеите ја вреднуваат вашата работа. Тој на нема острината за да г донесе на врвот“, заклучил Мекатир.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.