Тренерска смена на коло пред крајот – Шаф ќе го спасува Вердер

Бундеслигашот Вердер го отпушти тренерот Флоријан Кохфелт и на негово место го постави добро познатото име во Бремен – Томас Шаф.

„Постои консензус во вакви околности да е промената неопходна за да избегнеме испаѓање“ изјави спортскиот директор на клубот, Франк Бауман.

Вердер вчера загуби со 2-0 нагости кај Аугзбург и сега тимот од Бремен на коло пред крајот на Бундеслигата е во зоната за испаѓање во Цвајта. Вердер во последното коло ја пречекува Борусија Менхенгладбах, но и со победа не му е загарантиран опстанокот во елитната конкуренција.

Шаф ќе го предводи тимот во последното коло и во евентуалниот бараж за опстанок во Бундеслигата.

Кохфелт беше на кормилото на клубот од октомври 2017 година и го спаси тимот од испаѓање минатата сезона.

Новиот тренер е жива легенда на клубот. Го водеше Вердер 14 години, до 2013 година. Во 2004-тата со „зелените“ ја освои „дуплата круна“ – Бундеслигата и Купот на Германија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.