Дончиќ: Платени сме да победуваме, јас не го направив тоа

Лука Дончиќ, одигра мастрално во мајсторката против Лос Анџелес Клиперс, но не успеа да му помогне на Далас да ја избегне елиминацијата.

Словенецот, натпреварот го заврши со 46 поени, седум скокови и 14 асистенции. Немаше поддршка од соиграчите, само Бобан Марјановиќ и Фини-Смит постигнаа двоцифрен број на поени, а играчите од клупата постигнаа мизерни шест поени.

Клиперси на крајот победија со 126:111. Серијата, која траеше седум натпревари, Дончиќ ја заврши со просек од 34 поени, осум скокови и 9,7 асистенции.

„Ништо не направив. Два пати игравме во плеј-гот и два пати испаднавме во првата рунда. Платен си да победиш. Јас тоа не го направив“, рекол Дончиќ.

ЛА Клиперс, во наредната рунда ќе играат против Јута Џез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.