Јувентус ќе и го украде Депај на Барселона

Барселона, ова лето, ќе остане без уште еден „вќе договорен трансфер“. По Жоржињо Вајналдум, Катлонците ќе останат и без потписот на Мемфис Депај.

Капитенот на холандската репрезентација, летото како слободен играч ќе замина од Олимпик Лион. Тој долго време се поврзуваше со Барселона, но на крајот би можел да заврши во редовите на Јувентус.

Барселона се наоѓа во финансиска криза, поради што не може да се расфрла со пари. Јувентус на Депај му понудиле поголема плата од онаа што може да ја добие во Барселона.

Италијанскте медиуми тврдат дека Јувентус му понудиле три милиони евра по сезона, Барселона му нуди милион помалку.

Барселона, за новата сезона се засили со Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон Ројал.

Агуеро и Гарсија пристигнаа во слободни трансфери, додека за Емерсон, клубот на Бетис им плати девет милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.