Швеѓани ќе и судат на Македонија против Австрија

Андрес Екберг од Шведска ќе биде главен судија на натпреварот Македонија-Австрија на Европското првенство. Македонија, на големите натпреварувања, ќе дебитира во недела од 18 часот, на стадионот во Букурешт.

Екберг го носи знакот на ФИФА од 2013 година, во кариерата ја деле правдата на 72 меѓународни натпревари.

На Екберг ќе му помагаат сонародниците Мехмет Кулум и Штефан Халберг, а четврти судија ќе биде Сергеј Карашев од Русија. Главен во ВАР-собата ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.