Пресврт, наместо во Брајтон Нико Гонзалес ќе се пресели во Фиорентина

Голем пресврт се случи со трансферот на Аргентинецот од Штутгарт, Нико Гонзалес. Пред неколку дена беше објавена дека Брајтон за клупски рекорд, од 30 милиони евра ќе го донесат Гонзалес. Денес, „Билд“, тврди дека крилниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина.

Гонзалес, се наоѓа со Аргетнина на Копа Америка. Минатата сезона одигра само 15 натпревари за Штутгарт, постигна шест гола и забележа две асистенции.

Според германскиот медиум, Гонзалес по завршувањето на Копа Америка ќе потпише за Фиорентина. Трансферот ќе изнесува 23.500.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.