Метрополите, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле 450 000 евра само од македонци

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.

Првите два натпревари, Македонија ги одигра во Букурешт, на 13. и 17.јуни против Австрија односно Украина.

Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450 000 евра.

Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70 000 и 75 000 литри пиво.

Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.