Барселона го потврди трансферот на Мемфис Депај

Барселона, во екот на Европското првенство, го претстави третото бесплатно засилување во актуелниот преоден рок. По Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, од наредната сезона дресот на Барселона ќе го носи и Мемфис Депај.

Дека Депај го потпишал договорот, Барселона објави во текот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Германија и Португалија.

Овој 27-годишен напаѓач, претходните четири и пол години ги мина во редовите на Олимпик Лион. За францускиот тим одигра 178 натпревари на кои постигна 76 голови. Минатата сезона, на 40 натпревари за Лион, постигна 22 гола и забележа 12 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.