Спектакл во Минхен, Германија ја победи Португалија

Германија, во спектакуларен натпревар, во Минхен, ја совлада Португалија со 4:2. Со оваа победа, Германците се доближија до осмина-финалето. Германија во последното коло, во Ф-групата, ќе игра против Унгарија, додека Португалија ќе игра против Франција.

Германија, ја декласира Португалија, во досега најдобриот натпревар од Европското првенство.

Силно притиснаа Германците од самиот почеток на мечот. ВАР им поништи гол, а во екот на најголемата иницијатива, Португалците организираа пеколна контра. Роналдо го отвори контра нападот, а потоа по додавањето од Жота го совлада Нојер.

Примениот гол само ја зголеми иницијативата, предводени од играчот на мечот Робин Госенс, кој ја уништи десната страна од португалската одбрана.

Потоа следува периодот во кој Германија направи целосен пресврт. Неверојатно е дека Португалците си постигнаа два авто-гола. Најпрвин Рубен Дијаш во 35., а потоа Гереиро во 39.минута.

Второто полувреме не смени ништо во одност на силите на теренот. Германците притискаа, а Португалците неорганизирано се бранеа.

Логично од татквата игра се роди уште еден блиц-криг на Германците. Хаверц во 50.минута, по додавањето на Госенс зголеми на 3:1, а девет минути подоцна Госенс за одличната игра се награди со гол.

Португалците, во 67.минута, го наламија резултатот. Жота ја искористи конфузната реакција на германската одбрана.

До крајот Ренато Санчез ја погоди стативата, а Горецка од добра позиција шутираше над голот.

На табелата во Ф-групата Франција има четири поени, Германија и Португалија по три, а Унгарија еден бод.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.