Манчини: Велс се како Стоук сити! Бејл: Не знаев дека Стоук се толку добри!

Италијанскиот селектор, Роберто Манчини ја спореди репрезентацијата на Велс со Стоук сити пред нивниот дуел во последното коло од групната фаза на ЕУРО 2020 во недела.

Велс ќе гостува на „Олимпико“ кај лидерите во групата А и ќе им биде потребен барем поен за да имаат сигурно место во осминафиналето. Италија оствари две победи од 3:0 во првите два меча против Турција и Швајцарија, но Манчини вели дека тие треба да внимаваат на физичката подготвеност на Велшаните.

Манчини, кој ги предводеше Манчестер сити до првата премиерлигашка титула во 2011/12, го спореди стилот на игра на Велс со тој на Стоук сити, со кого имаше мака додека беше менаџер на „граѓаните“.

„Стоук имаа многу тежок стил на игра, беше многу тешко да се победат. Не очекува физички стил на игра, бидејќи не само што се цврсти како Стоук, туку се и технички подготвени. Имаат играчи како Џо Ален, Герет Бејл и Даниел Џејмс, момци со многу силна техника“, вели Манчини.

Иако италијанските медиуми сметаат дека нивната репрезентација е меѓу фаворитите за златото, Манчини не верува во тоа.

„Франција, Шпанија, Германија и Поругалија се навикнати на победи и полни со фантастични играчи. Мислам дека Французите се фаворити и покрај ремито со Унгарија. Тука се и Белгијците. Ништо не се смени со нашите победи“, вели Манчини.

Првата ѕвезда на велшкиот тим, Герет Бејл, имаше интересен одговор на споредбата на Манчини.

„Навистина не знаев дека Стоук се толку добар тим“, изјави Бејл.

(function (el) { window.addEventListener("message", (event) => { if (event.origin.startsWith("https://www.sofascore")) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + "px"; } } }); })(document.getElementById("sofa-standings-embed-1688-26542"));

Standings provided by SofaScore LiveScore





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.