Коке со брутален одговор за Ван дер Варт: Очигледно уште не ја заборавил 2010

Рафаел ван дер Варт вчера се јави со контроверзна изјава во која изјави дека Шпанија е „најужасната“ репрезентација на ЕУРО 2020 и со надеж дека Холандија ќе ја добие токму „фуријата“ за противник во осминафиналето.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид смета дека шпанската репрезентација „само си додава од еде крај на друг“, и не требаше да помине долго време да стигне одговор од Шпанците. Во интервју за „ЦОПЕ“, ѕвездата на Атлетико Мадрид, Коке, вели дека Холанѓанецот очигледно уште не може да се опорави од 2010 година, кога Шпанија ја победи Холандија во финалето на СП во Јужна Африка.

„Ван дер Варт начека момент за слава и сега ужива. Го гледав во тоа финале на Светското првенство, и тука во нашиот тренинг-центар има фотографија од тој гол на Иниеста против Холандија, а и Ван дер Варт е на фотографијата. Ќе се сеќаваме на овие зборови за малку дополнителна мотивација, посебно ако играме против Холандија“, вели Коке.

Ван дер Варт: Шпанија игра ужасно, само си ја подаваат топката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.