Адеми би можел да паузира три месеци

Динамо Загреб, вчера, ја победија Омонија со 2:0, во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во Лигата на шампионите. Мечот против Омонија го започна, но не го заврши капитенот на Динамо, Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец се повреди во 42.минута. По мечот тренерот на Динамо, Дамир Крзнар, изјави дека Адеми го повредил квадрицепсот, но дека не е сигурен дали ја повредил и задната ложа.

Доколку станува збор за оваа повреда, тогаш Адеми од фудбалските терени ќе отсуствува околу три месеци.

Тоа би значело дека тој нема да ми биде на располагање на новиот селектор, Благоја Милевски, за квалификациските натпревари во септември и октомври.

Македонија во септември ќе игра против Ерменија, Исланд и Романија, а во октомври за противници ќе ги има Лихтенштајн и Германија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.