Ферстапен: Повторно ме истурка Мерцедес…

Макс Ферстапен признава дека од амбицијата да стигне до победа на Унгарското ГП на крајот морал да спаси барем еден поен, по хаотичниот прв круг на Хунгароринг, во кој иронично, повторно беше „собран“ од болид на Мерцедес.

Холандскиот ас на Ред бул беше „закачен“ од Лендо Норис во Мекларен на стартот на трката, откако тој беше удрен од Валтери Ботас, и нормално, не беше задоволен од развојот на ситуацијата.

„Повторно ме истурка Мерцедес… Секако, не сакаш такво нешто да се случи. Ја загубив цела страна на болидот, а оштетен беше и подот. Беше практично невозможно да се вози. Барем освоив еден поен, но тоа не беше целта, нели?“, изјави исфрустрираниот Холанѓанец, откако на претходното Британско ГП имаше контроверзен судир со Луис Хамилтон.

Сега, пред летната пауза во Ф1, Ферстапен веќе не е лидер во генерален пласман, откако по 11 ГП трки заостанува шест поени зад Хамилтон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.