Словенија преку Германија до прво олимписко полу-финале

Словениците први изборија пласман во полу-финалето на кошаркарскиот турнир во Токио. Носени од Зоран Драгиќ, Словенците ја декласираа Германија со 94:70. Словенија во полу-финалето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Франција и Италија.

Словенија, како и на претходните натпревари во Токио, од почетокот го наметна својот ритам, ги контролираше настаните на теренот и на крајот забележа убедлив триумф.

До почетокот на последниот период Словенија имаше предност од 10 поени, а во решавачката четвртина целосно го надиграа противникот.

Покрај Дончиќ (20 поени, 11 асистенции и осум скока), одличен натпревар одигра Зоран Драгиќ со 27 поени.

Германците ги предводеа Маодо Ло со 11 и Гифај со 10 поени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.