Трета среќа – Азар, конечно, се појави на тренинзи во добра форма!

Откако претходните две сезони беше критикуван откако се појави на подготовките на Реал Мадрид со вишок на килограми, овојпат Еден Азар пријатно ги изненадил сите во „кралскиот“ клуб со својата форма, јавува „Марка“.

Иако денеска го одработи првиот тренинг со своите соиграчи по пристигнувањето во шпанската престолнина, по опоравувањето од повредата која ја доби за време на подготовките за ЕУРО 2020 со Белгија, физичките тестови покажале дека Азар е во одлична физичка подготвеност.

Азар не ги оправда очекувањата по трансферот од Челси во 2019 година, со многу малку натпревари и уште помалку голови, нешто што и самиот го призна, но очигледно работел на подготовките пред новата сезона.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.