Вардар го „збриша“ Мешков за импресивна прва победа во ЛШ

Вардар ја забележи првата победа во новата сезона од ЕХФ Лигата на шампиои, откако дома немаше проблем со Мешков Брест, совладувајќи го белорускиот шампион со 35:27 (19:13).

Првото полувреме на „црвено-црните“ беше фантастично, во кое се направи предност од шест гола (19:13) предводени од Кевин Њокас и неговите 4 гола, за потоа и покрај обидот за камбек на гостите, се изддржа за прва победа по гостинското реми со Елверум.

Кевин Њокас заврши со осум гола, Тимур Дибиров и Јоел Моралес додадоа по пет за Вардар, додека за Мешков Станислав Каспарек заврши со пет гола.

Елверум пак, имаше сили за едно израмнето полувреме против Кил, кои на крајот славеа со 41:36 (20:20).

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А, 2.КОЛО

Вардар 1961 – Мешков Брест 35:27 (19:13)

Кил – Елверум 41:36 (20:20)

Алборг – Монпелје 36:28 (18:13)

Пик Сегед – ППД Загреб 30:21 (10:7)

Фото: РК Вардар

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.