„Ако сака да биде почитуван, Мбапе мора да научи да биде скромен“

ПСЖ, забележа уште победа во последните секунди. Најмоќниот тим во Франција, по триумфот над Лион во 96.минута, на идентичен начин победи во Мец. Двата гола за ПСЖ ги постигна десниот бек, Ашраф Хакими. Во Мец, поради повреда, не играше Лионел Меси.

Тренерот на последнопласираниот тим во Лига 1, по мечот, го критикувал однесувањето на Килијан Мбапе. Младиот напаѓач, по вториот гол го провоцираше голманот на Мец, Александер Укиџу.

Голманот тргна да се пресмета со него, на патот му застана Нејмар, кој го турна и за тој потег доби жолт картон.

„Килијан Мбапе мора да научи како да се однесува, доколку сака луѓето да го почитуваат. Го сакам тој играч, многу е силен, но би требало да се однесува малку поскромно“, рекол тренерот на Мец, Фредерик Антонели.

Мбапе, речиси и да не постоеше на теренот во Мец. „Лекип“, неговата игра ја оцени со тројка, за споредба играчот на натпреварот Хакими доби осумка.

„На овој натпревар, Мбапе не постоеше на теренот“, заклучил тренерот на Мец.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.