Станковиќ за Златан: Тој е скромен и срамежлив, на „леб да го мачкаш“!

Тренерот на Црвена Звезда, поранешниот ас на Интер – Дејан Станковиќ во интервју за „Тутомеркато“ открива дека шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ надвор од теренот е чиста спротивност од она што луѓето можат да го видат на стадионите.

„Ибра потполно се разликува од она што го гледате на тв. Би рекол дека правиот Златан Ибрахимовиќ е потполна спротивност од тоа. Вистинскиот Златан е скромен, срамежлив, кога сме со пријатели, тој е резервиран. Можеби ја открив неговата тајна, но тој е таков, на `леб да го мачкаш`“ – вели Станковиќ.

Српскиот ас вели дека напаѓачот на Милан има големо срце и неговите човечки вредности се голем плус за „Росонерите“.

„Има огромно срце, верувајте ми. Неодамна наполни 40 години и ја користам можноста повторно да му честитам. Задоволен сум што и во овие години се уште е на теренот и се бори како лав. Тој со 40 години знае што може да теренот“ вели Станковиќ кој со Ибрахимовиќ своевремено беше соиграч на „Џузепе Меаца“ во сино-црниот дрес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.