Епски пресврт на Димитров – Бугаринот го елиминираше Медведев

Григор Димитров го елиминира Данил Медведев од мастерсот во Индијан Велс. Бугаринот го креираше еден од најголемите пресврти во сезоната е со 4/6, 6/4, 6/3, прв пат во кариерата се пласираше во четврт-финалето на мастерсот наречен петти Гренд слем.

Димитров со оваа победа му помогна на Новак Ѓоковиќ да остане на првото место на АТП листата. На Медведев му беше потребен триумф во Индијан Велс за да се искачи на врвот. За Медведев ова е само вториот пораз на последните 20 мечеви на северно-американската турнеја.

Мечот кој траеше два часа и 16 минути, беше решен во вториот сет, кога Димитров успеа да ја стигне и престигне предноста на Медведев од 1:4. Во ист ритам Бугаринот продолжи и во решавачкиот сет, освои три гема во низа за пласман во четврт-финалето.

Димитров за пласман во полу-финалето ќе се бори со Полјакот Хуберт Хуркач.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.