Ирвинг ќе остане без 187 милиони долари

Бруклин Нетс ќе се откажат од првичната идеја и нема да му понудат нов договор на Кајри Ирвинг. Плејмејкерот може да си обезбеди четиргодишен договор и 187.000.000 долари само доколку се вакцинира против коронавирусот.

Ирвинг, пред неколку дена беше исфрлен од тимот на Бруклин. Оваа одлука може да се смени само доколку се вакцинира. Во случај да ја пропушти целата сезона Иривнг ќе остане без 17.153.155 долари, плус ќе губи по 381.181 долари за секој натпревар во плеј-офот.

„Атлетик“, вчера, објави дека Иривнг не би против задолжителната вакцинација во државата Њујорк, туку дека бил вознемирен од фактот што луѓе останувале без работа поради задолжителната вакцинација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.